16.8 C
Скопје
17:37 - 2 ноември, 2024

Дневен хороскоп за 4 февруари 2020: Раковите ќе станат вистински поети, а Лавот ќе доживее нови успеси

кристална топка

ОВЕН

Би можеле да бидете затекнати во поголема група на луѓе кои одлично се забавуваат. Доколку сте се уште сами искористете можност за ново познанство. Брзината, јасноста и работливоста ќе бидат особини кои денес ќе имате можност да ги покажете на работното место. Одете до крај.

БИК

Денес ќе успеете добро да се забавувате во друштво на личност која ви е исклучително драга и ви значи. Бидете отворени и срдечни. Еден дел од тоа што сте го постигнале ќе се покаже како чиста илузија. Затоа држете се до тоа што ви е сигурно и видливо. Ќе се прашувате за смислата на некои работи.

БЛИЗНАЦИ

Тешко ќе ви биде да ги распоредите секојдневните барања, договори и рокови. Препуштете се на спонтаноста во врската. Полни сте со елан и спремни за нови подвизи. За истите се прават стабилни услови и тоа станува се појасно. Проверете го рокот на вашите намирници.

РАК

Некои од вас ќе станат вистински поети. Тој стил на изразување ќе собори многумина и ќе ги освои дури и најстудените срца. Тоа што започнало, започнало, а на вас е да го следите зацртаниот правец на делување и без многу грижи. Не инсистирајте за детали.

ЛАВ

Мало незадоволство ќе биде поврзано со вашите се поголеми љубовни амбиции. Сепак ќе треба да одите чекор по чекор. Една работа скоро и да ви се разрони, но затоа следат нови подвизи кои ќе бидат подобри и поголеми. Впуштете се во тоа. Обидете се да го замените кафето со чај.

ДЕВИЦА

Пред вас е уште еден помалку фрустрирачки ден. Намалете ги своите љубовни очекувања и бидете стрпливи. Внесувањето на емоции во работата може да ви направи нешто што нема да се допадне на вашите надредени. Издржете.

ВАГА

Некои од вашите пријатели ќе ви помогнат да смислите незаборавна вечер на која ќе ја повикате и саканата личност. Благодарение на вашата креативност која денес ќе биде исклучително активна, вие ќе најдете решение за секој проблем. Во одлична форма сте.

СКОРПИЈА

Можно е излегување на сосема необично место каде веројатно има вода. Ќе ви биде убаво и романтично. Изгледа дека сте на работ на вашно откритие за кое е потребно само уште малку да ја употребите главата. Важно е дека сте во игра.

СТРЕЛЕЦ

Ќе ви биде важен сексуалниот живот. Ќе се обидете да го воодушевите партнерот со некоја своја нова техника што ќе го маѓепса. Ќе ја препознаете финансиската нестабилност со која ќе треба да се сносите низ помошта на знаењето. Поработете на тоа. Можни се проблеми и болки во стапалата.

ЈАРЕЦ

Ниту денес нема да би биде потполно јасно што е тоа што го очекувате од вашата љубов и личноста која ви значи. Препуштете се на вашиот партнер и уживајте. Необични предлози во финансискиот сектор ќе направат да се замислите во врска со нив. Не се реални. Чувствително ќе ви биде грлото.

ВОДОЛИЈА

Некои денес ќе бидат склони кон тоа да ја помешаат фантазијата со реалноста. И покрај добрите односи, проценките нема да бидат реални. Потпирајќи се на другата половина, можете далеку да стигнете. Но, понекогаш е тешко да го прифатите секој компромис. Ќе имате впечатливи соништа.

РИБИ

Во тоа што сакате да владеете ќе има исклучителна забуна. Нема да бидете јасни ниту самите на себе, ниту на другите. Немојте да претерувате во ништо. Околностите ќе ви идат во ваша корист, доколку ја следите природата на работите. Ќе ви одговара пасивноста.

Слични објави

Внука на познатата српска пејачка е меѓу загинатите во страотната несреќа во Нови Сад

Еспресо

(Фото) Нема да ви се верува! Сузана Манчиќ со една фотографија предизвика бура на социјалните мрежи

Еспресо

„Длабоко сум потресена, моите мисли се…“: Брена скршена од трагедијата во Нови Сад, објави потресна порака

Еспресо

Хороскоп за 2 ноември: Девиците ќе го шармираат љубовниот партнер, Близнаците ќе бидат иритирани од некоја личност

Еспресо

Хелена Роза се прости од Зоки Фаци: „Премногу ќе ми фалиш, Зочко мој!“

Еспресо

Јелена Карлеуша за Зоки Фаци: „Драг мој, ти испраќам последен поздрав“

Еспресо
Се вчитува....