22:38 - 9 ноември, 2026

(Видео) Џокер дебитираше на „Макфест“: Сопругот на Антониа Гиговска има „најозборувана“ песна

Викендот што помина се одржа 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции.

Една од нив дефинитивно е и онаа „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, популарниот Џокер, кого јавноста го знае и како сопруг на музичката ѕвезда Антониа Гиговска.

Џокер настапи за првпат на овој фестивал, односно на првата фестивалска вечер, а иако не успеа да обезбеди пласман за во втората – ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“.

„Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната“ – изјави Џокер“.

Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти…

Погледнете:

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....