На неодамнешниот Супербол настан, настапот на Џенифер Лопез предизвика големо внимание кај публиката, а не недостасуваше ниту поддршката од нејзиниот вереник Алекс Родригез.
Всушност тој објави видео на својот инстаграм-профил, каде што напиша дека е горд на неа.
„Кога Џен ми кажа дека можам да бидам пратечки вокал, човеку, не се зезаше. WOW, во позадина сум“, се пошегувал Алекс.
Тие се во врска од февруари 2017 година, а се верија во март 2019 година. Својата заљубеност не ја кријат и често објавуваат заеднички фотографии на Инстаграм. Иако Џенифер после три пропаднати брака беше одлучна во намерата дека нема веќе да се венча, изгледа дека Алекс ги промени нејзините планови. Исто така, парот неодамна ја прослави третата годишнина од врска.