21:42 - 30 октомври, 2026

Даниел Николовски за братот близнак: Телефонскиот разговор секогаш ни завршува со „те сакам“

Еден од најбараните шминкери и фризери кај нас, популарниот инфлуенсер Даниел Николовски, проговори за својот приватен живот.

Малкумина за него знаат дека има брат близнак, а јавноста шпекулира дека тие двајца се во лоши односи.

Тоа не е точно. Јас и брат ми сме во одлични односи, многу се сакаме и почитуваме. Факт е дека знаеме да се скараме, но секој телефонски разговор го завршуваме со „те сакам“, па луѓето често ми се чудат со кого сум разговарал. И двајцата сме многу темпераментни, па така на моите родители често сме им предизвикувале главоболки. Нека биде јасно, брат ми и сестра ми ми се сè во животот –  рече тој поставен на полиграф.

За прекарот Биба спомена дека не му пречи да го викаат така иако апаратот покажа дека не е искрен во одговоорт. Воедно Николовски кажа дека се изнаслушал многу лаги за себеси.

Инаку, мејкап артистот отворено проговори и за тоа дека живеел двоен љубовен живот.

Тоа беше одамна. Мислам дека секој од нас поминува низ еден турбулентен период во животот. Јас порано не знаев како да оставам некого, не знаев како да се разделам. Никогаш не сум сакал да повредасм никого, но кога сте во една врска, а гледате како љубовта избледува природно е да се одалечите, рече тој во поткастот „Полиграф“.

Слични објави

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо

Анастасија и Немања со синот првпат доаѓаат во Србија: Се подготвува голема семејна прослава

Еспресо
Се вчитува....