14:38 - 31 октомври, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ објави прва фотографија од синот Илијан, а покажа и како изгледала во бременоста!

Ќерката на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, сподели со своите следбеници досега невидени фотографии од бременоста и покажа како изгледала додека го чекала бебето, малиот Илијан.

На фотографиите во преден план е нејзиниот труднички стомак, додека друштво ѝ прави сопругот, фудбалерот Немања Гудељ, кој го гали нејзиниот стомак.

 

Тука е и неговата сестра Вања Гудељ, кога двете биле на еден од натпреварите на Немања. А на една од фотографиите е и рачето на малиот Илијан.

Анастасија блескала во текот на бременоста, а емотивните глетки привлекле големо внимание кај нејзините обожаватели.

Со овие фотографии, таа евоцирала спомени од еден од најубавите периоди од својот живот, кога со нетрпение го чекала доаѓањето на својот наследник.

– Му благодарам на Исус – напишала Анастасија во описот на фотографиите.

Да потсетиме, Анастасија се породи на 15 јули и на свет донесе син на кого таа и Немња му го дадоа името Илијан.

Анастасија ја чуваше својата бременост во тајност девет месеци и не се огласуваше на социјалните мрежи.

 

Слични објави

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

(Фото) „Сине мој, мојот најголем благослов…“: Немања Гудељ сподели емотивна објава за синот Илијан

Еспресо

Греено вино за студените есенски вечери — едноставен рецепт што ќе ви го стопли домот

К.С.

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.
Се вчитува....