13.8 C
Скопје
18:28 - 12 март, 2026

Бритни Спирс повторно бремена? Сем Асгар загрижен за нејзиното ментално здравје

Поп принцезата, 38-годишната Бритни Спирс, наводно е повторно бремена и го очекува своето трето дете, кое ќе и биде прво со Сем Асгар, 26-годишниот фитнес тренер.

Анонимна личност блиска до парот открила дека Бритни изминативе години поминувала низ тежок период, но дека сега конечно има причина да биде среќна.

Бритни со фановите споделила дека и доцни месечниот циклус и дека чувствува како детето расте во стомакот. Почнала да купува розева гардероба за бебето и уверена е дека ќе добие ќерка, рекол изворот, признавајќи сепак дека ни Бритни не е сосема сигурна дека е бремена. Наводно го избегнува одговорот на тоа прашање бидејќи не сака да биде разочарана ако тестот покаже дека не е во блажена состојба.

Од друга страна нејзиното момче е нервозно при помислата дека ќе стане татко. Тој се плаши дека раѓањето на детето би можело негативно да влијае на нејзината ментална состојба.

Дали шпекулациите за бременоста на Бритни се точни засега не може да се утврди, пишуваат странските медиуми.

View this post on Instagram

?⭐️?

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Слични објави

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.
Се вчитува....