24.8 C
Скопје
13:50 - 29 април, 2024

Реорганизација на медиумите во „корона“ услови!

Беше само прашање на време кога ќе се случи ова што се случи, лидерите на двете најголеми партии да бидат во изолација поради можност од инфицираност со корона вирус кој можеби го стекнале при настапот во еден медиум.

Но, не е проблемот само во еден медиум или во новинарите, не се само тие кои постојано се пред камерите, туку и оние кои лесно прифаќаат да гостуваат. Можеби ова ќе ги опамети и политичарите, и министрите и сите други, но и менаџертите на медиумите да се однесуваат соодветно со мерките на здравствените власти: социјална изолација и редуцирање на активностите и избегнување групирања во затворени простории. Ако веќе постојат мерки, тие треба да важат за сите без исклучок, па и за медиумите. Се чудам како тоа досега не се случи, вирусот да не ги зафати медиумските работници, ако се има предвид дека сите медиуми работат исто, како ништо да не се случува во државата и во светот, како да нема милиони заболени и мртви, како мерките на здравствените власти да не важат за нив.

Неразбирлива е неподготвеноста на менаџерите и сопствениците на медиумите за реорганизација на работата во вонредни услови. И неразбирлива е леснотијата со која здравствените власти се прават слепи на непочитувањето на мерките кои тие ни ги скроија.
Ако самите медиуми не се подготвени за тоа- затворете ги. И онака нема никаква политичка активност која изискува регуларен број на присутни новинарски екипи.

Новинарите, репортерите, снимателите, фоторепортерите и сите други во тимот се најизложени на вирисот затоа што се постојано во контакто со десетици и стотици луѓе за кои не се знае дали се, или не се носители на корона вирусот. Ако еден од нив се инфицира кој ќе ја фати трагата со кого се, и кога имале контакт.

Но прво ќе се почне од редакцијата каде новинарот работел. А таму се знае дека секојдневно се има меѓусебен непосреден контакт меѓу колегите. Тој медиум од тој момент фактички е мртов. Нужно ќе треба да се тестираат сите кои имале контакт со заболениот-а имале сите. Работата е што и заболениот можеби го добил од некј од своите колеги, или од некој од гостите, или од надвор. За тоа требало порано да се мисли и соодветно да се реорганизира.

Само еден дел од медиумите направија минимална адаптација и поделба во тимови, за барем да се знае кој од кого се инфицирал за останатиот дел од редакциите да можат да функционираат.

Работата на новинарите од секогаш била стресна и ризична. Создадена само за кризни времиња како оваа, за епидемии, за војни, за бегалски кризи, за временски непогоди…Кога сите седат дома, тие работат. Предизвикот на професијата не ги спречува новинарските екипи да се соочат со опасностите дури и кога ситуацијата не го дозволува тоа.

Но, овој пат се чини како причината за продолжување на работата на медиумите „по старо“, не е автохтоно новинарски предизвик, туку повеќе притисок на сопствениците и менаџерите кои задскриени и безбедни зад своите удобни канцеларии сакаат да им го „извадат маслото“ на вработените новинари, камермани, фоторепортери, монтажери, и сите други во компанијата.

Репортерите се праќаат токму на оние најкритични места каде постојано има толпа од луѓе, на пресови на битни и небитни партии и здруженија, во болници и амбуланти, кај заболени и немоќни, каде во група еден друг мораат да ги држат микрофоните, да поставуваат прашања во фаца на својот колегата, а снимателите да си дишат во вратот.

Од друга страна не престануваат дебатните емисии во студијата каде најмалку еден гостин е од другата страна на масата на еден метар оддалеченост од новинарот, или другите соговорници.

Сите без маски! Било глупо!!!!

The post Реорганизација на медиумите во „корона“ услови! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....