23:58 - 12 февруари, 2026

Британска пејачка сними спот во синиот воз на Тито – Погледнете како тоа изгледа! (ВИДЕО)

Британската пејачка Џесика Вер (35), објави спот кој е снимен во Белград и тоа во синиот воз на некогашниот лидер на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Спотот е наменет за песната „Spotlight“, која се наоѓа на нејзиниот најнов албум – „What’s your pleasure“.

Пејачката преку Инстаграм ги извести своите обожаватели дека спотот е објавен.

View this post on Instagram

Tomorrow. Spotlight.

A post shared by Jessie Ware (@jessieware) on

„Играјте, играјте, играјте и научете ги потезите, а потоа играјте со мене на моите настапи“, напиша Џесика на Инстаграм.

Пејачката ја искористи оваа прилика да му заблагодари и на тимот од Белград, кој учествуваше во овој спот.

Инаку, со синиот воз, Тито се возеше од 1959 до 1980 година, а со него помина повеќе од 600.000 километри.

Покрај Тито, во возот се превезуваа повеќе од 60 странски државници и делегации, а една од патничките беше и британската кралица Елизабета Втора.

Она што е посебно интересно е дека во возот сѐ е автентично онака како што било во 1959 година, кога тој тргнал на своето прво патување.

Токму со синиот воз е пренесено и телото на Тито по неговата смрт во 1980 година, од Љубљана во Белград.

Слични објави

Јована Јеремиќ ја исплука Милица Тоодоровиќ: „Не оправдувам афери со оженети мажи!“

Еспресо

Прва слава без Саша Поповиќ: Ќерката Александра покажа како семејството ги одбележа Трите Свети Јерарси

Еспресо

Чие презиме ќе го носи детето на Милица Тодоровиќ и нејзиниот вонбрачен партнер?

Еспресо

(Фото) Три дена по киднапирањето, Кајмакоски ѝ се обрати на Милица Тодоровиќ: Еве што порача

Еспресо

Азис повторно во центарот на вниманието: Брак од љубов или уште една внимателно изрежирана приказна?

E.A.

„Жените се тешат дека неверството го зацврстува бракот, се плашат да заминат“: Лидија Вукиќевиќ процвета по разводот од спортистот

E.A.
Се вчитува....