08:15 - 8 ноември, 2026

„Брат ми ја бранеше мајка ми за татко ми да не је убие од ќотек“: Потресна исповед на Сека Алексиќ, се присетила на траумите од детството

Српската пејачка Сека Алексиќ и ден-денеска ја памети трауматичната ситуација кога нејзиниот татко ја нападнал нејзината мајка, во налет на агресија, додека нејзиниот брат скокнал да ја брани.

Пред очите на Сека се случиle непријатни сцени, а пејачката и денес зборува на оваа тема со кнедла во грлото, пишува српски „Блиц“.

– Моето воспитување беше во сиромаштија. Многу сиромашно. Се сеќавам на две ситуации, кога татко ми ја нападна мајка ми. Брат ми скокна на него, го фати за глава и го најде првото нешто при рака да го удри. Беше дете, мојот брат. Го удираше по главата, за да се тргне од мајка ми, затоа што крвнички ја тепаше со сета сила – раскажала Сека во емисијата „Преживеани“, а потоа додала:

– Ова се ужасно стресни ситуации и слики кои никогаш не се забораваат. Тоа никогаш не се брише од глава. Можеше да ја унакази.

Пејачката објаснила дека нејзиниот татко бил страшно љубоморен човек, како и дека изливите на бес се случувале во моментите кога пиел.

– Ќе му проработеше љубомората и поради тоа имаше проблеми со мајка ми, таа најмногу страдаше, ја тепаше. Имаше повеќе ситуации кога јас и брат ми ги раздвојувавме, таа денес има лузни на лицето од тој период. Поради тоа се разведе и јас ја разбирам, тоа не треба никој да го преживува – рекла Сека.

Да потсетиме, Сека иако пораснала во сиромаштија била одлучна да успее, па денес ужива во величествената вила во Стара Пазова.

Сека вели дека ѝ е драго што нема соседи и што секогаш е мирна кога излегува во дворот, со оглед на тоа што околу неа има ниви и парцели на кои сè уште ништо не е изградено. Сека го уредила дворот по свој вкус, а што се однесува до украсувањето, ангажирала специјален тим од луѓе, со кои го договарала секој детаљ поврзан со внатрешноста и надворешноста.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....