01:10 - 4 ноември, 2026

Бојана Скендеровски: Привилегија е да се пее песна од големата Сашка Петковска

Секој пејач не може добро да ги донесе големите македонски евергрини кои оставиле трага во македонската музичка историја. За пејачите е одговорност, понекогаш и голем залак, задоволство и престиж кога на големата сцена треба да отпеат песна од пејачи како Сашка Петковска, Маја Оџаклиевска, Олгица Христовска, Верица Ристевска,  Зафир Хаџиманов, Диме Поповски...

Пејачката Бојана Скендеровски немаше лесна задача пред себе на првиот ден од караванот „Силно светнал ден“ по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Бојана во Охрид се претстави со песната „Бакни ме“ од легендарната Сашка Петковска. Силни овации се слушаа од публиката по фантастичната изедба на Скендеровска која блесна на сцената. Песната ја донесе на свој начин со нејзиниот препознатлив длабок глас.

Скендеровски на својот профил на Инстаграм објави исечок од изведбата и напиша:

Ох, каква ноќ! Да се пее песна од големата Сашка Петковска е привилегија…🫠❤️ Македонска музичка историја!❤️💛

Пејачката се појави во преубаво црно-бело издание. Плисиран фустан со црн сатенски корсет со длабоко деколе. Едноставниот изглед го надополни со маркантен накит, впечатливо ланче и препознатлив прстен.

Беше вистинско уживање да се слуша нејзината изведба.

Ништо помалку убаво не беше ни претставувањето на Бојана Скендеросвки вчеравечер во Битола . За оваа пригода пејачката одбра свечен фустан во црна боја и одново раскошен накит.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....