10:46 - 12 ноември, 2026

Богдана Ражнатовиќ е прекрасна трудница, но оваа ситница ја вознемирува!

Поранешната спортистка ужива во бременоста, но медиумите тврдат дека има ситни грижи како и секоја трудница.

Откако што организираа величествена венчавка кон крајот на ноември минатата година, Вељко Ражнатовиќ и неговата прекрасна избраничка Богдана конечно се опуштија и сега уживаат во исчекувањето на своето прво дете.

Фото: Инстаграм

Убавата снаа на Цеца Ражнатовиќ изгледа прекрасно и се чувствува одлично, а извор близок на семејството тврди дека Богдана малку ја мачи високиот притисок.

„Богдана никогаш не се жали, многу е способна и силна девојка и откако забремени никој не ја слушна како се жали. Не е пребирлива, тешка ниту напорна како повеќето трудници. Бременоста одлично ѝ напредува, редовно оди на контрола, но во последно време почесто мора да мери крвен притисок, кој во бременоста расте, што е нормално, но неа тоа ја вознемирува и веднаш се загрижува“, тврди изворот за Свет.

Фото: Инстаграм

„Лекарите велат дека после 20-та недела од бременоста ова е вообичаено и дека притисокот со тек на време се враќа во нормала после породувањето, но дека мора да се прати“

Изворот додава дека младата трудница не сака членовите од семејството премногу да се грижат за оваа ситница.

„Богдана затоа држи апарат за мерење притисок, но ниту на Вељко ниту на Цеца не сака да им каже доколку е висок. Знае дека Вељко би се вознемирил, а таа не сака да го загрижува пред битките, ниту на свекрвата да ѝ ги пореметува деловните и приватните планови со тоа што ќе сака секоја секунда да биде покрај неа дома. Доволно и е што во бременоста се откажала од работата, а навикната е да биде активна“, вели изворот.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....