12:23 - 27 ноември, 2026

Боење на ВЕЛИГДЕНСКИ јајца со овошје и зеленчук: Природно си е природно!

Како да добиете убави велидгенски јајца без да употребите боја за вапцање.

Жолта – Во половина литар вода  варете кора од портокал или лимон, а може и само во водата да додадете куркума, листови од крушка или морков (од морков се добива портокалова боја). Откако водата ќе зоврие, оставете ја 30-на минути да се вари на ниска температура. На крајот додадете малку оцет. Убава жолта боја се добија и со јајца боени во камилица.

Црвена – во литар вода додадете изрендан корен од цвекло  и поголема количина на луспи од црвен кромид. Оставете да се варат околу 50-на минути на ниска температура.

Зелена – Зелена боја ќе добиете од свеж спанаќ, исечкајте го грубо и истолчете го. Убава зелена боја може да се добие и од листови на коприва.

Сина – Исечкајте и истолчете листови од црвена зелка, сварете ги во половина литар вода и оставете ги на тивок оган уште 30 минути.

Виолетова – Оваа боја се добива од сушени боровници кои се варат во 250 мл вода (што повеќе боровници толку бојата ќе биде поинтензивна).

инстаграм

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....