14:19 - 18 ноември, 2026

„ДА! Те сакам, засекогаш!“ Трет брак за Аврил Лавињ, го запознала во студио, ја запросил во Париз

Голема радост за Аврил Лавињ, која вчера објави дека се мажи! Пејачката, која пред неколку недели го објави својот последен албум Love Sux, на социјалните мрежи откри дека добила прекрасна понуда за брак од нејзиното момче Мод Сан, со кој е во врска околу две години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Двајцата уметници се запознале токму во студиото, додека Лавињ работела на нејзиниот албум и оттогаш никогаш не се разделиле.

Ова е трет брак за Аврил, која претходно била во брак со Дерик Вибли од Sum 41 и Чад Крогер од Никелбек. Прекрасното запросување за венчавка се случило во Париз на 27 март, а пејачката во интервју за People изјави:

„Бевме во Париз на брод на Сена. Имавме виолинист, шампањ и рози. Се чинеше дека времето застана, а во тој момент бевме само ние двајца“.

Но не само тоа. Аврил Лавињ го покажа и свршеничкиот прстен кој го доби од Moд Сан на кој се наоѓа прекрасен дијамант во облик на срце, достоен за принцезата на панк рокот.

Ова се зборовите изјавите на канадската уметница која зборува за првата средба со партнерот:

„На него (на прстенот) се изгравирани зборовите „Здраво иконо“, кои беа првите зборови што ми ги кажа. И внатре е изгравирани Mod + Avril. Од самиот почеток знаеше дека сакам дијамант во форма на срце, бидејќи денот кога се запознавме имавме соодветни поплочени прстени во форма на срце. Оттогаш ги носиме секој ден, па во ред е да имате дијамант во облик на срце како веренички прстен. Многу го сакам”.

Слични објави

(Фото) Шехерезад во лежерно издание: турската актерка прошета низ Лондон во зелена јакна и црвена капа

Еспресо

Животната приказна на Светлана Цеца Бојковиќ: Славната актерка храбро ја следеше љубовта и им пркосеше на тогашните општествени норми

E.A.

Омилениот прилог за домашниот ручек — рецепт за кремасто пире со путер и млеко

К.С.

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.

Кеба го коментираше случајот со синот на Вељко Ражнатовиќ: „Секој има право на свое мислење, но тој исправно размислува“

E.A.
Се вчитува....