-1.2 C
Скопје
07:00 - 11 март, 2026

БИТОЛА Е ПОДГОТВЕНА: Најголемата фолк-забава за ова лето е на 1. септември!

На 1-ви септември во еден од најубавите градови во нашата земја ќе се одржи можеби досега најголемиот фолк-спектакл со најпознатите македонски фолк-ѕвезди.

Концертот е закажан на ракометното игралиште во Битола, а публиката ќе ужива во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазахр и Зуица Лазова.
Познатата пејачка Стојне Николова вели дека ова ќе биде концерт кој долго ќе се памети.
– Среќна сум што сцената ќе ја делам со едни од најквалитетните музичари во нашата земја, бидејќи се работи за мои колеги кои имаат големи кариери. Ги поканувам сите битолчани, но и од околните градови да дојдат и да уживаат во звуците на народната музика. Од мое име и од името на сите што ќе настапуваме, им ветуваме одлична забава – вели популарната Стојне Николова.
Исто така и Благоја Грујовски не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика, но упати и предизвик до публиката.
– Дојдете да покажеме дека слушаме македонска народна музика, дојдете да покажеме дека го цениме нашето – накусо изјави популарниот пејач.
Инаку станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заеднци, како што се Ромите, Турците и Бошнаците. Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи ќе имаат прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката.
Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од коронавирусот!

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....