6.8 C
Скопје
21:09 - 12 март, 2026

Балканските ѕвезди ги наполнија сметките за Нова година: Рекордно најскапи настапи во Скопје и во Будва

За нив 2020 почна бериќетно.

Во најлудата ноќ балканските естрадни ѕвезди заработија вртоглави суми, пишуваат српските медиуми.

Цеца Ражнатовиќ во елитниот белградски хотел направила фантастична атмосфера, а сцената ја делела со Слоба Радановиќ. Таа ќе биде побогата за 80.000 евра, а нејзиниот колега ќе земе околу 20.000 евра.

Лепа Брена настапувала пред Народното собрание во Белград и за тоа на сметката и легнале 45.000 евра.
Во Белград, но за 10.000 евра повеќе пеела и Марија Шерифовиќ.

Жељко Самарџиќ во Ниш пеел за 25.000 евра, а Александра Пријовиќ во хотел во Нов Белград ја забавувала публиката за 40.000 евра.

Здравко Чолиќ на плоштадот во Будва пеел за 100.000 евра. Ацо Пејовиќ обезбедил хонорар од 50.000 евра за настап во луксузен хотел во Петровац, а Харис Џиновиќ пеел во Бар за 37.000 евра.

Саша Матиќ во Загреб настапил за 40.000 евра, а Аца Лукас во еден центар на Златибор договорил настап за 50.000 евра.

Жељко Јоксимовиќ за настапот во Сараево ќе добие 75.000 евра.

Наташа Беквалац пеела во Виена за 40.000 евра.

Покрај Чолиќ, единствен кој дошол до износ од 100.000 евра е Дино Мерлин, кој пееше на плоштадот во Скопје.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....