16:31 - 5 декември, 2025

Ана Тодоровска ги маркира МРАКОВИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО: „Еден исцрнет ред вреди повеќе од илјада зборови!“

Ана Тодоровска е пионер на редактираната поезија во Македонија. Автор на „Мракизам“ фб страница , каде објавува редактирани поеми, „вооружена со црн маркер“.

Политиката ми претставува најголема инспирацијаи најчесто ги користам политичките колумни од весниците. Фото – приватна архива

Ана Тодоровска, или Ана Мрак, покажува дека бришењето може всушност да биде откривање, и дека еден исцрнет ред вреди повеќе од илјада зборови

Безмалку половина деценија со црн маркер ги покрива текстовите во весниците, списанијата и книгите, оставајќи само тукa- таму по некој збор, градејќи своја поезија, најчесто огледало на општествените збиднувања.

– Редактирана поезија претставува техника каде што од веќе постоечки текст без разлика дали е од списание, книга или весник, најчесто со маркер се отстранува целата содржина која што не ни е потребна и од постоечкиот текст вадиме нова содржина која што ја составува нашата поема. Со оваа техника се сретнав на факултет на работилница за креативно пишување. Оттогаш почнав во слободно време да се занимавам со тоа и постепено стана мое хоби – вели Ана.

Во време кога на политичката сцена се случуваат низа настани, а печатените медиуми тоа знаат добро да го преточат во колумна, за дипломираниот психолог Ана Тодоровска се создаваат идеални услови за творење на редактирана поезија.

– Политиката ми претставува најголема инспирацијаи најчесто ги користам политичките колумни од весниците. Но неможе да се препознае од кој текст е изваден тој исечок, но кога ќе ги погледнеме весниците, ќе видиме дека речиси се е политика во нив и можат да се најдат многу изјави и известувања за настани кои можат да понудат соодветна содржина за да се направи едно дело. Преку политиката а со редактираната поезија можам да испратам критика до општеството со многу едноставни зборови да ги извадам сите недостатоци – објаснува Ана.

Од секој текст не бидува поема – на шега вели Тодоровска, не затоа што новинарот не бил умешен – туку политичарите не секогаш се расположени за сочни изјави.

– Не може баш од секој текст да се направи поема бидејки е тешко да се најдат зборови кои можат да се склопат во една целина, меѓутоа јас ова го гледам како една проективна техника бидејќи двајца автори да работат на еден ист текст можат да извадат комплетно различни содржини. Често ме прашуваат каква е постапката? Најнапред барам некој текст со интересни зборови кои мене лично ќе ми го привлечат вниманието. Некогаш работам и со молив, даги заокружам и да видам што може да се извади од тој текст. Потоа со маркер ги отстранувам сите непотребни делови, ја поврзувам целината и на крај го сечам текстот  од весникот и понатаму го обработувам.

Македонската читателска публика, раскажува Ана, веќе позитивно реагира на т.н редактирана уметност, а тоа веќе ја поттикнува Тодоровска да издаде и компилација на дела – од редактирана поезија.

Од секој текст не бидува поема – на шега вели Тодоровска, не затоа што новинарот не бил умешен – туку политичарите не секогаш се расположени за сочни изјави.

– Гледам дека има интерес, забавно им е на луѓето, ми пишуваат дека е навистина оригинално и инспиративно. Привлекува внимание особено на социјалните мрежи. Немам сретнато некој што се занимава со оваа техника, но тука има голем простор за експериментирање, може да се поврзе и со визуелните уметности, јас работам само со маркер, но има уметници кои користат бои и цртаат над текстот, а во комбинација со зборовите се создава едно уметничко дело.

За многумина бришењето е отстранување, за Ана Тодоровкса тоа е откривање, или како што вели самата- еден исцрнет ред вреди повеќе од илјада зборови…

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....