14:48 - 4 ноември, 2026

Ана Николиќ престанала да пие на 28 ноември: Еве поради што ја донела таа одлука

Српската пејачка Ана Николиќ, која со години отворено зборува за порокот и борбата со алкохолот, престанала да пие, пишува српски „Телеграф“.

Пејачката неодамна најави дека на 28 ноември ќе почне да пости и ќе престане да пие.

– Ќе продолжам да пијам додека ми се пие, на 28 ноември ќе почнам да постам и нема да пијам ништо и тоа е така во мојата глава, така го правам тоа. Кому му се допаѓа, а на кого не му се допаѓа, нека не му се допаѓа – рекла Ана Николиќ, додека гостувала во еден поткаст.

Потоа Ана го споменала и своето семејство и разводот.

– Имам 47 години, свој живот, свое дете, требаше да имам семејство, се омажив не за да се разведам, туку така се случи. Имам прекрасно дете, многу добро воспитано, многу добро дете.

Пејачката Ана Николиќ ја отворила душата за својата посета на клиника во Германија, каде што ќе се подложи на детоксикација на телото.

– Таму не јадеш ништо, ти даваат некои салати. Многу е скапо, одат само богати луѓе. Мојот имунитет многу падна по короната и потребно ми е да го исчистам организмот. Тие чистат сè, панкреасот, желудникот, жлездите, сè живо и воопшто не е пријатно. Ми ставаат некои билки, кактуси, мислев дека умирам последниот пат кога бев таму, пишував тестамент – рече Ана низ смеа и продолжила:

– Мене своевремено тоа ми го предложи Емина Јаховиќ, која беше таму пред неколку години. Има такво нешто и тука во Белград, каде што не е толку скапо. Никому не му е лсно да се подготви и да се одлучи за салати, сокови и глупости, тоа е сериозен режим. Секој човек треба да направи нешто такво за себе. – рекла Николиќ во „Премиер викенд специјал“.

 

 

Слични објави

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.
Се вчитува....