22:30 - 9 ноември, 2026

АНА ЈОВКОВСКА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ЧИТАТЕЛИТЕ: Чувството е како кога се разведуваш, ама, пак, имаш нов љубовник!

Зад себе има одлична новинарска кариера, се покажа успешна и во пишување книги, но Ана Јовковска, мораше да им се извини на нејзините читатели – на социјалните мрежи и во порталите- поради нови обрвски. Имено, отсега таа ќе се вложи со „сета сила“ во Институтот за македонска литератира, „рамо до рамо“ со врвните професори Ана Мартиноска, Гоце Смилевски, Александар Прокопиев, Мишел Павловски…
фото – приватна архива
фото – приватна архива
– Можев ли да сонувам дека некој ден овие луѓе ќе ми бидат колеги? Можеби некој ќе се разочара, но во 2022 од мене ќе има намален број на текстови – колумни, критики и интерјуа, заради новото работно место на Институтот за македонска литература при УКИМ на кое почнав на самиот старт на годинава – објави Јовковска на својот Фејсбук профил и продолжи – После 20 години работа во медиуми, просто ќе морам фокусот од медиумите да го пренасочам кон академијата. Чувството е како кога се разведуваш, ама, пак, имаш нов љубовник. Креативноста ќе ја канализирам во една друга форма на научно-истражувачка работа. Во секој случај, останувам присутна пред окото на јавноста, само во редуцирана форма. Се радувам и тажна сум во исто време… не знам како да опишам, но човек не може да се клонира на десет места – напиша Ана.
Од нас, честитки!

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....