Американскиот актер Лиев Шрајбер и неговата убава девојка Тејлор Нисен се навикнуваат на својот нов живот во сончевата Калифорнија, каде се преселија од возбудливиот Њујорк.
Лиев кој има 52 години и неговата избраничка 27 годишната Тејлор се снимени како трчаат заедно во својата населба, при што таа ја покажа својата неверојатна фигура.
Поранешната мисица на Јужна Дакота без проблеми го одработи тренингот, додека, се чини, нејзиниот 25 години постар дечко имаше проблеми со кондицијата, воздухот и одржувањето на темпото, а притоа и силно се вцрвени.
Лиев и Тејлор се во врска од 2017 година, откако тој се разведе од поранешната сопруга Наоми Вотс, со која остана во пријателски односи поради двата сина кои заеднички ги одгледуваат.