19.8 C
Скопје
12:53 - 27 април, 2024

Медиумска изолација на Џо Бајден поради коронавирусот

Во периодот пред започнувањето на пандемијата со коронавирусот, кандидатот за номинација на демократите за претседателските избори во САД Џо Бајден важеше за фаворит.

И меѓу своите сопартијски опоненти на  предизборите во демократската партија, но и во однос на актуелниот претседател Донадл Трамп.

Како започна ексалацијата на пандемијата и како светот стана фокусиран единствено на случувањата околу коронавирусот, така медиумскиот интерес за Бајден  целосно запре, додека актуелниот претседател Трамп стана медиумски се-присутен.

Поранешниот потпретседател на САД во администрацијата на Барак Обама,во текот на  минатиот месец забележа серија победи на предизборите во американските сојузни држави, буквално исфрлувајки го од кампањата неговиот најсериозен против кандидат Берни Сандерс.

Овој успех на Бајден во светските медиуми речиси и да не е забележан, за разлика од периодот пред започнувањето на пандемијата, кога светските медиуми редовно информираа за односот на силите и за тоа кој во име на демократите ќе му се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите закажани за ноември годинава.

Анкетите во тоа време укажуваа и дека единствено Бајден од кандидатите на демократската партија би можел со својот рејтинг да го победи Трамп и да стане новиот престедател на САД.

Но сега, со кризата околу коронавирусот, сите овие проценки и рејтинзи се неизвесни.

Секогаш кога има криза или елементарна непогода, актуелните претседатели и функционери се во во фокусот на јавноста, шанса, која тие секогаш ја користат да се прикажат во најдобро светло и да ги привлечат симпатиите на идните гласачи.

Најновите анкети покажуваат дека откако започна кризата со пандемијата и откако Трамп е секојдневно во фокусот на вниманието, неговиот рејтинг се искачил на над 50 проценти доверба кај американците.

На Бајден, очигледно не му оди во прилог пандемијата. Засега не покажува капацитет медиумски да се наметне, па најверојатно ќе чека кризата со пандемијата на коронавирусот да заврши и да јазасили својата кампања во пресрет на  целосното освојување на  номинацијата за  претседателската трка закажана за ноември годинава.

The post Медиумска изолација на Џо Бајден поради коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....