17.8 C
Скопје
15:27 - 18 октомври, 2026

4 хороскопски знаци кои најмногу ги изневеруваат партнерите

ВАГА

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се посакувани и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска. Знаат да се обидат да ја обноват врската со некоја стара љубов.

ЛАВ

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его. Понекогаш се чувствуваат толку големи и важни, како да е нивна должност да го делат своето тело и љубов со повеќе луѓе.

СТРЕЛЕЦ

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни. Тие кога изневеруваат, на новите љубовници им даваат до знаење дека се во врска и зошто го прават тоа.

СКОРПИЈА

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно. Од друга страна, познато е дека тие се многу посветени на партнерот кога ќе се заљубат искрено и ќе направат се за да уживаат во љубовта. Но, многу се фокусирани на сексуалниот однос и тој за нив е мерило колку е врската успешна.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....