16:11 - 9 ноември, 2026

Никола Роквиќ проговори за гласините дека сака да се замонаши: „Јас го избрав својот пат“

Пејачот Никола Роквиќ е голем верник и како таков често посетува цркви и манастири, а неодамна беше и на Хиландар.

Тој претходно тргна и на поклоничко патување долго 1.200 километри, а за тоа колку го променило тоа искуство, зборуваше за Блиц.

Роквиќ минатата година тргна на аџилак до Грција, по што се појавија приказни дека размислува да се замонаши.

„Ходочестието е едно големо искуство за мене. Да излезеш 32 дена од начинот на живот на кој сите сме навикнати и да тргнеш на пат долг 1.200 километри. Поминав и доживеав многу различни места и ситуации, слушнав многу приказни. На сите би им препорачал да си постават некоја мала цел и да тргнат, не мора да биде толку долг пат. Човек се чувствува исполнето“, изјави Никола.

Тој се осврна и на гласините дека би сакал да се замонаши:

„Не сум размислувал за тоа, таа приказна е извадена од контекст. Имам своја фамилија и мојот пат е патот на семејството. Тоа беа мои некои размислувања што се погрешно разбрани. За нас христијаните постои пат на семејството и пат на монаштвото, а јас го избрав патот на семејството“, вели Роквиќ.

Неговото семејство го сочинуваат сопругата Бојана и нивните тројца деца.

„Мислам дека љубовта меѓу двајца луѓе значи — да опстанат. Да ја задржиш љубовта значи да се откажеш од некои свои работи, да се обидеш да живееш за другата личност и да издржиш нешто дури и кога не е по твое. Ако се најдат две личности што размислуваат на ист начин, тогаш тоа е тоа. Тогаш може да дојде љубовта. Едно е вљубеност, а за љубов треба да поминат години“, изјави тој.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....