14.8 C
Скопје
21:56 - 24 април, 2024

Земјотресот во Турција не ги поштеди ни познатите спортисти, под урнатините најдени мртви: брачен пар одбојкари, познат голман, 15 роднини на фудбалски тренер…

Катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 9.000 жртви, според најновите податоци од новинаските агенции, а се очекува бројот на мртвите под урнатините да биде уште поголем. Лошите временски услови ја попречуваат потрагата по евентуални преживеани, а помош во спасувачки екипи, лекари, медицинска помош, возила, облека и ќебиња, храна, пристигнува од сите страни на светот.

Трагедијата не ги заобиколи ни познатите лица од светот на спортот.

Фудбалски тренер загубил 15 роднини

Веќе е потврдена веста дека помошникот на главниот тренер на турскиот фудбалски клуб Сиваспор, Ајхан Тенбелоглу, за време на земјотресот загубил дури 15 роднини. „Се јавив и дознав за ситуацијата. Починаа 15 членови на семејството на мојот помошник Ајхан“, изјави главниот тренер Риза Чалимбеј.

Средниот бек на репрезентацијата на Гана и Хатајспор, Кристијан Ацу, кој исчезна по земјотресот во Турција, е пронајден жив под урнатините на зградата. 31-годишниот фудбалер е пренесен во болница со повреди на десната нога. Тој исто така има тешкотии со дишењето. Ацу е поранешен играч на Челзи и Њукасл. Во 2022 година се пресели во Турција, а минатата недела, на 5 февруари, го постигна победничкиот гол на натпреварот од 23. коло на турското првенство против клубот Касимпаши.

Кристијан Ацу, фото Инстаграм

Завчера се дозна дека Ејуп Туркаслан, фудбалер на клубот Малатијаспор, загинал во земјотресот. Голманот, кој имаше само 28 години бил пронајден мртов под урнатините во неговиот дом во Малатија. Неговата сопруга пак, за среќа, била спасена.

Брачен пар одбојкарки загинале, отишле на гости

Трагедијата ги одзеде животите и на едно одбојкарско семејство – професионална одбојкарка и нејзиниот сопруг. 27-годишната Бетул Чакар играше за турскиот клуб „Мерино“ од Газиантеп, а нејзиниот сопруг Бедредин, поранешен професионален одбојкар поради повреда играл на аматерски план и бил главен поддржувач на клубот.

Бетул Чакар, фото фејсбук

„Ги загубивме нашите одбојкари за време на земјотресот што длабоко ја потресе целата наша земја. Им посакуваме божја милост на Бетул и Бедредин и изразуваме сочувство до нивното семејство, најблиските и нашата заедница“, се вели во соопштението на веб-страницата на одбојкарскиот клуб.

Во Кахраманмараш, парот Чакар бил во посета на роднините на Бедредин. Инаку, тие живееле во Газиантеп, на околу 50 километри од местото каде што биле пронајдени под урнатините. Но, и да останеле дома, ќе имале уште помали шанси да бидат спасени. Факт е дека епицентарот на монструозниот земјотрес бил веднаш до домашната арена на клубот „Мерино“.

Добрата вест за навивачите на овој клуб е што за чудо, нивниот домашен стадион практично не е оштетен, иако речиси сите куќи и згради во околината не се ни предмет на реставрација.

Инаку, поради вонредната состојба во државата откажани се сите спортски и јавни настани.

Ѕвездите од турските серии со лелеци и пораки по земјотресот: „Роднини ни лежат под урнатините“,„Болката е толку голема!“

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....