5.8 C
Скопје
03:25 - 1 април, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) ВО ДВОРОТ НА ЖЕНАТА СО ЦВЕТНО ИМЕ – ЈАСМИНА: И зиме, Пинтија мириса на пролет

Денес разговораме со Јасмина Колеска, со адреса во Пинтија и двор од 60на квадратни метри, но и со голем цветен раскош на терасите.

Јасмина е трговска работничка, а со цвеќиња се занимава околу 15 години.

Вели дека постепено, малку по малку, си го средува дворчето, а тука се и салонските цвеќиња.

– Моја е грижата за одгледување, бидејќи уживам во нивно друштво. Секако бараат многу време, ама кога се работи со љубов не е никаков проблем, барем за мене, па затоа тие ме наградуваат со преубави цветови и плодови – ни објаснува Јасмина.

Освен цвеќињата во дворот има и киви, калинка и јаготки.

– Сарделата дефинитивно ми е најомилена, потоа розите, темјанушките, а и обетката има доста убави цвеќиња – вели жената со цветно име.

Во текот на студените денови, цвеќињата се згрижени некои во подрум,  а некои пак, во домашниот салон. Ама затоа, од мај до ноември, дворот е вистинки сјај преполн со цвеќе!

Јасмина ги советува онаа кои сакаат да почнат да се занимаваат со цвеќе дека желбата е најважна.

– Ако ги сакате и им обрнете по неколку минути во текот на денот, тие секако ќе ве наградат со својата убавина. Сарделата е најлесна за негување бидејќи е најиздржлива и во лето и во зима, а не е многу захтевна – советува нашата љубезна соговорничка.

Инаку, Јасмина е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

фото-приватна архива

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....