16:26 - 25 февруари, 2026

ТОПОЛ ПОЗДРАВ ОД ОХАЈО: Вака изгледа кога музичарот Љупчо му „пее“ цвеќето, а козметичарката Васка го храни со минерали

Денес разговараме со Васка и Љупчо Димитровски кои живеат во Охајо, САД и топло ве поздравуваат оттаму. 

г-ѓа Васка, фото – приватна архива

Пред да се преслат во САД, пет години биле во Англија на Newbolld college, а потоа, во 1999 година стигнале во Колумбус, главниот град на американската држава Охајо. Васка е од Кавадарци, а нејзиниот сопруг од Скопје. Таа по професија е козметичарка, а тој е музичар.

Откако се запознавме со овие прекрасни Македонци, преминавме на главната тема, градината, дворчето и се разбира, на убавината – цвеќето.

– Цвеќињата се наша релаксација, уживаме во дворчето во слободно време, а што се однесува до негата повеќе за тоа е задолжен мојот сопруг, ни раскажува Васка и додава дека еден час дневно задолжително им посветуваат на своите убавици, но тоа го прават со уживање и со големо задоволство.

Претходно живееле во апартман, а сега, веќе 15 години се во куќата, и оттогаш почнале и да ја негуваат својата љубов кон цвеќињата.

– Прво почнавме со сезонски цвеќиња, ни раскажува Васка и вели дека омилени ѝ се кактусите со своите прекрасни цветови. А тие за да цветаат со сиот свој раскош, потребна им е добра земја и потхранување со посебни минерали кои ги купуваат во цвеќарница.

– За да се одгледува било кој кактус или друго цвеќе, во секоја саксија, тука, има и упатство за тоа што е потребно и кои услови ги бара цвеќето за да напредува. Без тоа упатство цвеќето не може да биде негувано на вистински начин и брзо може да свене, искрена е нашата соговорничка.

Ја прашуваме госпоѓа Васка за совет – што би им порачала на оние кои допрва сакаат да почнат со нега и одгледување на цвеќе и растенија, а таа ни одговара:

– Мој совет е без упатство да не купуваат било-какво цвеќе, затоа што секое си има посебни барања, услови и нега. Второ, потребно е тоа да се негува со задоволство и со љубов за да му се даде сè што му е неопходно навреме, од вода до минерали, и количински точно колку што е потребно. Може да се почне со било кое цвеќе, со упатство за оджрување, одгледување или негување, едноставно речено, зашто без тоа не можете да му угодите на цвеќето и од него за возврат да го добиете тоа што цвеќето може да ви го даде.

Браво за овие Македонци, кои и покрај бројните обврски, најдоа време за разговор со нас, докажувајќи дека без разлика на далечината, љубовта останува да нè поврзува со родната грутка. 

Инаку, Васка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) 82-ГОДИШНИ СОПРУЖНИЦИ СИ НАПРАВИЛЕ СВОЕ ГРАДИНАРСКО ЦАРСТВО ВО С. ДОЛНО ЃУЃАНЦИ: На Љубица и Воислав секој може да им позавиди!

ФИЛИП ДИМКОСКИ, ГРАДИНАР: Само среќни растенија и среќни животни ќе нè направат среќни и сити

Слични објави

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

Е.А.

(Видео) Се огласи обвинителството по нападот на Бјелогрлиќ врз тиктокерот: Ќе ги преземе овие дејствија

Еспресо

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova
Се вчитува....