12.8 C
Скопје
23:07 - 17 мај, 2026

(ФОТО) 82-ГОДИШНИ СОПРУЖНИЦИ СИ НАПРАВИЛЕ СВОЕ ГРАДИНАРСКО ЦАРСТВО ВО С. ДОЛНО ЃУЃАНЦИ: На Љубица и Воислав секој може да им позавиди!

Откако стигнала пензијата, го оставиле градот и животот го продолжиле во село Долно Ѓуѓанци, каде си имаат свое земјоделско, градинарско и уметничко царство.

Денес наша соговорничка ни е една исклучиелна жена, Весна Стојаноска, со која направивме убав муабет за нејзините исклучителни родители Љубица (82) и Воислав Јованови (наскоро полни 83).

Имено, мајката на Весна, Љубица, е домаќинка, а татко ѝ, Воислав, е пензионер и целиот свој живот се занимаваат со одгледување на растенија.

– Додека мојот татко работеше, живееа во Скопје, но откако се пензионира се вратија во родното село на мојот татко каде го продолжија животот далеку од градскиот метеж и врева, ни објаснува Весна.

Дворот се простира на околу 500 квадратни метри и се наоѓа во село Долно Ѓуѓанци, Св.Николе.

– Мојата мајка отсекогаш си одгледувала цвеќиња кои се од старо семе која сама го собирала после секое процветување, трендафил, шеќерче, бонбончиња, сардели, невен, турчинчиња, божур, јатрви, лалиња и др., објаснува Весна.

Љубица станува рано секое утро, околу 4 часот, и почнува со наводнување на бавчата и цвеќињата. Така и самата Весна го послушала советот од мајка си дека цвеќињата и бавчата се наводнува наутро, додека не ги фатило сонце, зашто навечер не се става вода на нешто што целиот ден се топли.

– Потоа продулжува со работа околу нив и, како да ви кажам, скоро преку цел ден си наоѓа работа околу нив, малку одмор, ручек и други обврски околу куќата, додава нашата соговорничка.

Љубица и Воислав призведуваат сè што може да се насади – пипер, домат, лук, кромид, компир, карфиол, цвекло, праз и сè друго што е потребно за исхрана. Покрај сè тоа, Љубица си сади и босилок и нане, додека Воислав има неколку ниви кои ги обработува и си сее јачмен, пченица и други намирници.

Зимницата, се разбира, веќе им е подготвена, па така тука е ајварчето, лутиката, кечапот, компоти од различно овошје, фаферонки, кисели краставички, жива туршија, кисела зелка, резанец …

– Многу се гордеам што ја наследив сета љубов кон градинарството и готвењето од моите мајка и татко, навистина и мојот татко преубаво готви!, искрена е Весна.

Ја прашуваме кој е најубавиот животен совет кој го добила од родителите, а таа низ насмевка ни одговара дека тоа ѝ се самите родителите од кои целиот мој живот учи и со кои премногу се гордее!

– Воедно, мојата мајка, и покрај работата во градината, наоѓа време и да плете разни работи и ќе ВИ ПОКАЖАМ СЕГА И дел од нив, додава таа.

Инаку, Весна Стојаноска е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Во Холивуд сѐ погласно се шепоти за нова романса – дали Памела Андерсон и Том Круз се во врска?

Т.Ц.

Јелена Томашевиќ им се обрати на девојките од „Лелек“ откако од српското жири добија 0 поени

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Видео) Ја прашаа Дара дали знае која е Дара Бубамара, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Еспресо

Мажите „полудеа“ по Дара, но нејзиното срце го освои ценет доктор — ова е сопругот на евровизиската победничка!

Еспресо

Бугарката Дара неодамна ја испеа „Лане моје“ со Жељко Јоксимовиќ, вчера тој прв ѝ честиташе

Еспресо
Се вчитува....