09:51 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Кога да чекаме втора „тура“ снег, метео прогнозерот го има одговорот!

– Во текот на оваа ноќ времето ќе биде претежно ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и до утре изутрина истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, најавува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски,  утре времето ќе се задржи претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени. Нов влажен бран се очекува во петок и за време на викендот, и истиот ќе услови нови повремени врнежи од дожд и снег на планините. Во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

– За време на викендот пак температурите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Исто така за време на викендот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион утре ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека од петок па за време на викендот ќе има повеќе облачност, но и услови за повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....