19.8 C
Скопје
15:37 - 24 октомври, 2026

(ФОТО) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Брза, здрава и се разбира превкусна – грчка пита со спанаќ и козјо сирење

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

Овојпат шеф Бранко ни подготвува здрави оброци за подобро здравје!


Дали сте пробале грчка пита со пченкарно брашно?
Еве одличен рецепт кој што не одзема време, а е толку многу вкусен и пред сѐ здрав!

(ФОТО) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Најздравиот домашен леб без брашно со јатки и семки!

Грчка пита со спанаќ и козјо сирење

Потребни состојки:

  • 2 и пол шолји пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1/3 путер (јас готвев со пречистен путер)
  • 3 јајца

За филот:

  • 2кг. свеж спанаќ
  • 150гр. козјо сирење
  • 50мл. маслиново масло
  • 2 јајца
  • половина лажичка сол
  • малку бибер
фото: приватна архива

Начин на подготовка:

– Во длабок сад, додадете две и пол шолји пченкарно брашно, сол, 3 јајца и путерот на собна температура. Мешајте со дрвена лажица додека не се изедначат состојките и не добиете меко тесто кое ќе го прицврстите за дното од вашето тавче за печење. (Јас користев киш).

– На страна во тава, додадете го маслиновото масло и загрејте го. Додадете го свежиот спанаќ. Попржете и потоа додадете го сирењето, јајцата и зачините. Прошемајте убаво. Добиената смеса истурете ја врз тестото.

– Претходно загрејте ја релната на 220 степени. Грчката пита ставете ја да се пече околу 20 минути со постепено намалување на температурата. Кога ќе зарумени горниот дел и ќе се направи како коричка, питата е готово и може да ја извадите од оган.

– Сервирајте со кисело млеко, павлака или пак јогурт.

Одличен избор за вашиот нареден здрав и вкусен оброк!

Уживајте во денот со рецептите на #CookingWithBranko!

фото: приватна архива
фото: приватна архива

(ФОТО) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Посен чоколаден колач – Нема шеќер, а сепак нема да може да му одолеете!

 

Слични објави

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.
Се вчитува....