21:03 - 11 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Каде ќе има дожд, а каде снег, и точно кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет, додека максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Според Попоски, потоа, под влијание на влажен воздушен бран, утре и тоа особено претпладне на повеќе места ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Врнежи од дожд и тоа особено во западните предели ќе има и за време на викендот. Од утре, исто така ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, додека поради јужното воздушно струење, значително потопло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....