9.8 C
Скопје
03:11 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве до кога ќе врне! А, од Арктикот ни доаѓа уште постуден бран!

-Во текот на оваа ноќ ќе продолжат повремените врнежи од дожд. Што се однесува до времето во следните денови, ќе продолжи да биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално во следниот период повторно ќе наврне позначително количество на воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите остануваат невообичаено ниски и потпросечни за овој дел од годината, истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, не се исклучува можноста во следниот период на највисоките планински места и за провејување на снег.
– И во Скопскиот регион времето понатаму ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 15 степени, вели Попоски и продолжува:
– Според сегашните анализи со кој располагаме, врнежливото време ќе се задржи подолго време, што значи дека чести врнежи очекуваме до крајот на оваа, како и во текот на следната седмица.
Исто така некаде околу средината на овој месец има можност за спуштање на уште постуден воздух од Арктикот кон нашата територија. Состојбата будно се следи и граѓаните понатаму навремено ќе бидат информирани што точно можеме да очекуваме од времето и дали овој многу студен воздух од Арктикот ќе се спушти до нашите краишта околу средината на овој месец, но и што точно ќе донесе истиот, заклучува нашиот метео прогнозер.
НАПОМЕНА: Поради интензивните врнежи од дожд кој се очекуваат во следниот период, можно е ЗГОЛЕМУВАЊЕ на нивоата на реките и на езерата во Македонија.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....