07:18 - 12 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Доаѓа период на чести врнежи, температурите во пад, еве точно кога!

Метео прогнозерот Славчо Попоски најавува нова нагла промена на времето. 

ОД СРЕДА ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР ДОАЃА ПЕРИОД НА ЧЕСТИ ВРНЕЖИ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО ПАД!, најавува Попоски.

– Убавото време нема да се задржи предолго. Веќе од среда попладне и навечер и тоа под влијание на нов влажен воздушен бран од запад, следуваат нови врнежи од дожд во Македонија а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог. До вторник температурите преку ден ќе бидат РЕЛАТИВНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека од среда ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, најавува метео прогнозерот. 

Според Попоски промената на времето и тоа особено долж Повардарието ќе биде проследена со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

– И во скопскиот регион, од среда навечер па натаму следува промена на времето и повремени врнежи од дожд. Температурите до вторник ќе се искачуваат до околу 23 степени, додека од среда ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат до околу 20 степени. И во Скопје промената на времето ќе биде проследена со југоисточен ветер кој ќе засилува на интензитет, објаснува Попоски. 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....