7.8 C
Скопје
08:39 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дали за викендов ќе ви треба чадор и гумени чизми?

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Во текот на ноќта во западните предели ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Според Попоски за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела, ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат невообичаено високи за овој период од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....