11.8 C
Скопје
20:24 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Временцето ќе биде таман за правење зимница, еве од кога до кога!

– Како што претходно кажавме, во останатиот дел од викендов ќе имаме пооблачно време со услови за сосема слаб локален и краткотраен дожд. Температурите ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени. Во Скопскиот регион ќе имаме пооблачно време во останатиот дел од викендов, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа, од понеделник па натаму, ќе имаме повеќе сончеви периоди а ќе биде и уште потопло, и тоа под влијание на уште потопла воздушна маса од југ.

– Само уште во понеделник ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 20 степени, прецизен е Попоски.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА : Со оглед на тоа дека ќе имаме сè уште потопли и убави денови, граѓаните слободно можат да ги искористат за прошетка во природа, или пак за правење на зимница.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....