19:25 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снежна покривка, еве кога ќе им се радуваме на снегулките!

– Како што веќе најавивме, под влијание на влажен воздушен бран утре и тоа особено претпладне на повеќе места ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе врне снег. Врнежи од дожд и тоа особено во западните предели ќе има и за време на викендот. Од утре исто така ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, додека за време на викендот, и тоа поради јужното воздушно струење, температурите ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе има услови за повремен дожд, и тоа особено претпладне, додека за време на викендот условите за врнежи ќе бидат помали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.

РАНА НАЈАВА: Барем отсега гледано, ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, проследено со засилен северозападен ветер и врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините (каде ќе се формира и снежна покривка), но и услови за врнежи од снег и на местата со помала надворска височина се очекува во почетокот од следната недела, односно во текот на ноќта понеделник кон вторник и во вторник.

Ако вака останат работите, значително постудено и тоа под влијание на студен воздушен бран од север кој ќе услови зимски температури, се очекува и на почетокот на декември.

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....