04:02 - 14 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снег и на пониските места, еве кога!

– Како што најавивме утре освен на повисоките места и на планините, услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка, а услови за формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на пониските места, особено во источните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели. Потоа во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, па затоа утрото ќе биде студено, и тоа поради разведрувањето и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во четврток попладне и во вечерните часови. И во Скопскиот регион утре ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Услови за сосема слабо проврнување на дожд и на снег ќе има локално и низ котлината а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Според Попоски, потоа, краткотрајно стабилизирање на времето и во Скопскиот регион ќе има во среда, додека од четврток попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон петок се очекуваат нови повремено врнежи од дожд. Наутро температурите ќе се спуштат до околу -2, -3 степени, додека максималните во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 8 степени.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....