11.8 C
Скопје
20:40 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снег и на пониските места, еве кога!

Како што најавивме утре освен на повисоките места и на планините, услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка, а услови за формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на пониските места, особено во источните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели. Потоа во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, па затоа утрото ќе биде студено, и тоа поради разведрувањето и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во четврток попладне и во вечерните часови. И во Скопскиот регион утре ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Услови за сосема слабо проврнување на дожд и на снег ќе има локално и низ котлината а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Според Попоски, потоа, краткотрајно стабилизирање на времето и во Скопскиот регион ќе има во среда, додека од четврток попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон петок се очекуваат нови повремено врнежи од дожд. Наутро температурите ќе се спуштат до околу -2, -3 степени, додека максималните во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 8 степени.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....