9.8 C
Скопје
03:08 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Какво време нè чека за изборите?

– Уште оваа ноќ, како и утре претпладне ќе има повремен локален дожд, додека од утре попладне ќе настапи постепена стабилизација на времето. Сепак, за време на овој викенд ќе имаме пооблачно време, додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе имаме пооблачно време, ќе има услови и за локален краткотраен дожд, особено утре претпладне.

Според Попоски температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени. Потоа во текот на следната седмица ќе имаме повеќе сончеви периоди, а под влијание на уште потопла воздушна маса од југ температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека минималните, исто така ќе останат не многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Исклучок ќе биде понеделник, кога ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд, заклучува Попоски. 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....