09:44 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: До колку степени нагло ќе паднат температурите? Внимавајте на здравјето!

– Уште утре ќе имаме натпросечно топло време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени. Од среда температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа под влијание на постуден воздух од север, а уште утре попладне ќе започне да дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, температурите од среда, па натаму, и тоа минималните, понекаде ќе се спуштат до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за слаб локален дожд.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди.

– Утре попладне ќе започне да дува умерен до засилен северн ветер, со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух, па од среда температурте ќе бележат тенденција на опаѓање и истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, заклучува нашиот метео прогнозер.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....