09:58 - 5 декември, 2025

МЕРАКЛИСКИ СРЕДЕН ДВОР СО ЧЕТИРИ МАШКИ РАЦЕ: Кај Алексо на гости во Нова Битола

Денес сме во Битола, поточно во Нова Битола, на гости кај Алексо Наневски, домаќински седнати во неговиот извонреден двор. Двор кој плени, двор во кој се вљубувате „од прва“. Двор во кој очигледно се внимава на секој детаљ, секој агол, секоја ситница е осмислена и поставена на вистинско место. Двор со душа! 
Алексо по професија е училишен педагог, а со одгледување на растенија и цвеќиња и нега и уредување на дворот се занимава веќе полни осум години.
Овој преубав двор е под „машки раце“, бидејќи за неговата убавина се грижат Алексо и синот. 
Дворот се простира на околу 300 метри квадратни, а во него доминираат зимзелени растенија и дрвја, уредно средена трева и едногодишни цветни растенија.
Алексо ни раскажува дека времето вложено во одржување на дворот зависи од годишното време.
– На пролет и во текот на летото најмногу се обрнува внимание на стрижење на тревата, поткастрување на зимзелените растенија, на лазачите на оградите, чистење од плевели, полевање и слично, вели Алексо и додава дека во „ударните“ годишни времиња одржувањето е секојдневно отприлика по два часа.
Омилени растенија на домаќинот Алексо во оваа негова прекраснотија од двор се зимзелените дрвја и грмушки, кои со синот заедно естетски ги обликуваат.
– Во текот на зимата се грижиме само да ги истресеме од снег и толку, бидејќи се сите отпорни на надворешни услови.
И додека ова ни го раскажува Алексо, веднаш си го замислуваме дворот како бајковито изгледа за време на новогодишните и божиќните празници. Како страничка од најтопла приказна за деца, како нежен расказ за лека ноќ.
И повторно се враќаме во реалноста, па го прашуваме нашиот домаќин каков совет би им дал на оние кои допрва сакаат да почнат да одгледуваат растенија?
– Мој градинарски совет за оние што сакаат да се занимаваат со уредување на двор е ПОСВЕТЕНОСТ, истрајност, љубов кон растенијата, консултации со стручни лица, прихрана по потреба, и редовно наводнување на истите, заклучува Алексо.
Инаку, Алексо Наневски е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!
Уживајте во фотогалеријата.
И да, да не заборавиме – имаме и пресладок фотомодел, белото кученце кое е скапоцен украс на дворот.
ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....