3.8 C
Скопје
02:21 - 21 декември, 2024

И КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА БИ Ѝ СИМНАЛА КАПА НА БЕТИ КВИН: Во кралскиот двор на Елизабета Кучера сите цвеќиња имаат круна!

Разговараме со Елизабета Кучера, една од моторните сили на Фејсбук групата … ДВОРЧЕТО …, во виртуелниот свет позната како Бети Квин. По професија е дипломиран правник и магистер по менаџмент на човечки ресурси, вработена е, со безмалку 30 годишен стаж. Бети е сопруга и мајка и себеси се смета за среќна, целосно исполнета и реализирана личност.

ФОТО- ПРИВАТНА АРХИВА
Цвеќиња одгледува откако памети за себе. Вели дека за тоа постојат многу анегдоти кои нејзините родители ги раскажуваат сè до денешен ден.
– Повеќето од анегдотите се однесуваат за тоа дека уште како мало девојченце, од каде и да се враќавме со моето семејство дома, јас носев цвеќиња. Тоа и не е толку важно, но важно е дека секогаш нив ги терав расцветаните цвеќиња да ми ги садат во саксии или во земја во двор за да ми останат расцветани засекогаш, – низ насмевка ни раскажува Елизабета, сеќавајќи се и дека многу плачела кога родителите ја убедувале дека расцетаното цвеќе нема да се „зафати“. Многу од нив, уште тогаш, така расцветани, сама ги „садела“ во дворот, во земја.

Како стана дел од групата … ДВОРЧЕТО …? И како модератор на групата што најмногу тебе ти се допаѓа?

– Во оваа прекрасна група … ДВОРЧЕТО … се придружив откако сосема случајно ја видов на Фејсбук. Почнав да ги следам и да ги разгледувам објавите, да ставам „лајк“ речиси на сите до една, како и да ги коментирам истите. Модератор станав на покана од администраторот Александар Василевски. Среќна сум што меѓу цело тоа мноштво од членови тој ме забележал токму мене. Многу сум му благодарна што ми ја искажа довербата. Тој е прекрасен човек за кого сметам дека е вистински благодет да го имаш за пријател и во сопствениот живот. Тоа дополнително ја зголемува мојата лична сатисфакција што сум модератор на групата. Сиот тој сплет на околности многу ми се допадна. Од првиот момент кога ја забележав групата знаев дека ќе се пронајдам во неа. Навистина така беше и така остана сè до сега. Знам дека и во иднина ќе биде така, затоа што: групата е прекрасна; неверојатно многу е активна; во неа наоѓам сè што ме интересира за цвеќињата; стекнувам огромен број пријатели со кои се запознавам и приватно, а потоа продолжувам да се дружам со нив, и така натаму…Не може во ваков ограничен контекст да се набројат сите убавини на групата. Навистина се премногу! Токму сите тие убавини многу ми се допаѓаат и како модератор на групата. Посебно ќе ги издвојам следните: интеракцијата на повеќе од стоилјадното „семејство” што го сочинува групата; разноличноста на членството од аспект на живеалиште (има членови буквално од целиот свет) кои групата ја прават да биде интернационална, па дури и во однос на нивната религиска определеност; неверојатната амбиција на групата секојдневно да напредува до бесконечност: таа има сопствен јутјуб канал каде што еднаш неделно емитува сопствена емисија во живо, застапена е на една македонска, национална телевизија, застапена е и во печатениот дневен весник „Слободен печат”, како и во овој е-портал, во порталот espreso.mk, има своја фан-страна, инстаграм-профил, а секако најактивна е на Фејсбукч потоа – меѓусебната соработка и разбирање што владеат во целиот тим којшто стои позади … ДВОРЧЕТО … Во оваа прилика топло ги поздравувам сите: Александар, Ивана, Раде и Кети. Среќна сум што како модератор ја имам привилегијата и довербата, заедно со сите нив, непосредно да учествувам во целото галопирачко брзо растење на групата и секојдневно да давам свој, континуиран, личен придонес во врска со тоа.

Колкав е твојот двор и каде се наоѓа?

– Веќе 23-та година со моето семејство живеам во скопската населба Хром, во куќа што е изградена на парцела од нешто помалку од 400 м². Не е многу голем дворот, но обезбедува доволни голем простор за одгледување цвеќиња. Ќе бидам нескромна и ќе признаам дека би сакала да е поголем, а вие погодете зошто?!

Кој е твојот најголем предизвик кога цвеќињата и дворот се во прашање?

– Ова прашање ми е многу тешко да го одговорам. Предизвик ми е буквално секое цвеќе. Сè што ќе видам, па макар и со најситно цветче, сакам да го имам. Мегаломан сум. Под влијание на групата
… ДВОРЧЕТО … оваа година си направив и лична статистика. Пребројувајќи констатирав дека имам вкупно 65 различни видови и 145 подвидови цвеќиња, засадени во 370 саксии. Претпоставувам дека има безброј предизвици кога се цвеќињата во прашање зашто има безброј цвеќиња, а сите тие како предизвици се подеднакво големи.
фото – приватна архива

Кои цвеќиња и растенија доминираат кај тебе?

– Како одминуваат месеците од февруари/март до октомври/ноември, доминацијата ја имаат различни цвеќиња. Први се темјанушките, потоа петуниите, калибрахоите (1001 цвет), после нив вариететите на бегониите, дипладениите, јасмините, па „сребрените водопади” и другите разни ползавци. Кон крајот на летото, па сè до настапувањето на есенскиот период, ангелските труби, хортензиите, хризантемите и повеќе различни цвеќиња кои му припаѓаат на големото семејство сукуленти.

Кое е твоето омилено цвеќе и зошто, а какво цвеќе би сакала да добиеш на подарок?

– Сите цвеќиња неизмерно ги сакам, но секогаш ја издвојувам момината солза (convallaria majalis), заради впечатливиот мирис што секогаш кога ќе го почувствувам, ме потсетува на детството. Паметам дека како дете секогаш го забележував во речиси сите дворови во моето соседство. После подолг период, среќна сум зашто повторно го имам, благодарение на еден мој пријател кој ми даде повеќе коренчиња за садење.
Најсреќна сум кога некој ќе ми подари цвеќе што го немам! Не е важно какво е, важно е тоа што откако ќе ми биде подарено, ќе го имам!

Имаат ли цвеќињата симболика и во кои цвеќиња каде ја гледаш, особено кога се подаруваат?

– Некои луѓе симболиката на цвеќињата ја поврзуваат со определени значења на боите на цветовите: љубов, љубомора, невиност… Или пак, со наводната позитивна енергија што ја шират (примерот за распоредување на цвеќињата во домот според фенгшуи). А, има ли цвеќе што шири негативна енергија? Некако премногу стереотипно и несоодветно ми звучи кога најголем број од луѓето симболиката ја бараат и ја истакнуваат во зборовите: љубов, грижа, посветеност… Цвеќињата пренагласено ги поврзуваат со овие зборови. Љубовта, грижата и посветеноста се безусловни и не треба воопшто да се споменуваат. Јас не ја потценувам нивната поврзаност со цвеќињата, но никогаш не ја потенцирам. Според моето убедување, наједноставната симболика за цвеќињата, сметам дека е потребата тие да се имаат. Тоа е исто како потреба за воздух заради дишење. Симболиката на подарените цвеќиња ја поистоветувам со „подарен воздух”. Мислам дека јас дишам со нив, а тоа значи дека јас живеам!

Елизабета Кучера е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....