16:10 - 31 март, 2026

(ФОТО) ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ДВОР НА НОРА ОД МОНОСПИТОВО: Цвеќињата создаваат чувство на внатрешна духовна убавина!

Денес разговараме со госпоѓа Нора Ташуровска, Македонка која во Италија живее веќе цели 19 години, во непосредна близина на градот Тревизо, во близина на Венеција.

53-годишната Нора е, инаку, од струмичкото село Моноспитово. Моментално е домаќинка, се грижи за внуците, но исто така и за цвеќињата во нејзиниот прекрасен, раскошен двор. Вели дека цвеќиња отсекогаш имала во дворовите, без разлика на тоа каде живеела.

За уредувањето на дворот, на овој како и на сите другиТЕ во минатото, секогаш се грижела таа самата.

– Дворчето не е многу големо, но доволно за да се има во него убави цвеќиња, ни вели нашата цветна дама. 

Нора е среќна што поради благата италијанска клима, без остри зими, може да одгледува секакви видови цвеќе.

Ја прашуваме, колку време дневно му посветува на дворчето, а таа ни одговара:

– Искрено, не го мерам времето, но секоја слободна минута минувам со цвеќето.

Омилени цвеќиња на оваа нашинка во Италија се сите што имаат цвет.
Совет од Нора за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе и растенија?
– Сакајте ги цвеќињата, тоа е чувство на внатрешна духовна убавина, барем за мене и сигурно за многу други, ни открива таа.
Инаку, госпоѓа Нора Ташуровска е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....