11.8 C
Скопје
22:37 - 30 март, 2025

(ФОТО) УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА МАКЕДОНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Невeројатна убавина – градината на Снежана

Денес разговараме со Снежана Силјаноска, уште една успешна Македонка во Германија.

Снежана живее во градот Целе, во Долна Саксонија, карактеристичен по ренесансниот и барокен стил, а изграден на бреговите на реката Алер. Во ваква романтична, колоритна и живописна атмосфера, нашата соговорничка има двор што придонесува за комплетната бајковите слика на околината.

Силјаноска работи во фабика за перната живина, додека за време на викендот работи кај ќерка ѝ, која со семејството имаат сопствен ресторан.

Оваа вредна жена сепак, наоѓа време секојдневно да му се посвети на дворот и на негата на цвеќиња.

– Се разбира дека дворот е моја одговорност – вели Снежана и искрено додава – додуша, јас не го сметам како одговорност туку како дел од секојдневието.

Вели дека секогаш наоѓа време за нејзините убавици, дека гружата за дворот ѝ претставува задоволство, дека понекогаш помалку е расположена да зготви нешто отколку да влезе во градината и да ѝ се посвети, па макар и да ги чисти исушените ливчиња од цвеќињата.

– Едноставно уживам – нагласува нашата цветна дама.

Дворот и цвеќињата се распослани околу целата куќа. Самата куќа пак, е опкружена со дрвја, настрана и подалеку од асфалтот. А според Снежана, нема ништо поубаво од природа, зеленило, цвеќиња!

– Со точност не можам да одговорам колку време поминувам во дворот, но, на пример, во текот на летото, се разбира откако ќе се вратам од работа, речиси до стемнување сум во дворот. А во куќа влегувам единствено колку што ми треба време за да приготвам јадење, а потоа, пак, надвор – со насмевка ни вели Снежана.

Смета дека кога се одгледува едно нешто со љубов, насочувајќи ја позитивната енергија на него, резултатите не можат да изостанат.

– Сите цвеќиња ми се убави! Имам над 20 видови на билки, – ни открива таа. Не велам цвеќиња туку билки, бидејќи некои од билките не се со цвет, но имаат преубави листови. Имам и билки што не се за во двор, па многупати синот знае да се пошегува дека за роденден ќе ми купи мајмунче – се смее Снежана.

Во текот на зимскиот период, почувствителните цвеќиња ги чува во покриен простор кој е во продолжение на куќата.

Следува советот за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со цвеќарство и одгледување билки.

– Од кои и да цвеќиња почнат, нема да погрешат. Има доста Фејсбук групи, меѓу кои е и …ДВОРЧЕТО…, па така, сè што не е јасно и што е непознато, секогаш има некој кој повеќе знае околу цвеќињата, па си помагаме, заклучува нашата цветна дама.

Инаку, Снежана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

(ФОТО) ГЕРМАНСКА БАЈКА НА ОХРИЃАНКАТА ЛИЛЈАНА: Трендафилите ме потсетуваат на Охридскиот парк каде го поминав детството!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) ВО КРЕФЕЛД, ГЕРМАНИЈА: Струмичанката Катица има еден од најубавите дворови!

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....