3.8 C
Скопје
23:30 - 20 декември, 2024

(ФОТО+РЕЦЕПТИ) СТАРИНСКИ РЕЦЕПТИ ОД БАБА АНЧЕ ОД АМЕРИКА: Аница ја промовира македонската кујна во светот

Аница Клокановски, 67-годишната баба и прабаба, Македонка во Америка, со своите старински рецепти е наша нова гастрономска инспирација.

Баба Анче, фото – приватна архива

Аница, или баба Анче, готви на социјалните мрежи под псевдонимот „Кујната на баба Анче“ (Baba Ance’s Kitchen), ја промовира македонската кујна во светот, а живее во Детроит, Америка. Во САД се преселила во 1971 година, кога имала 16 години. Сама дошла во „белиот свет“, без родители. Инаку, таа е од Преспа, родена е во село Наколец.

– Имаме куќа во Ресен, каде што си доаѓаме секоја година, зашто многу ја сакаме нашата земја. Македонија ни е во срцето – вели симпатичната баба Анче и додава дека во Македонија е нејзината фамилија и нејзината мајка.

Фејсбук-групата каде што ги споделува своите рецепти ја отворила годинава, таму доминираат старинските македонски рецепти, научени од нејзината мајка. Признава дека до денес со „старата мајка“ се консултира за гастрономијата и дека сè уште учи од неа.

Баба Анче ги запозна Американците со голем број македонски јадења, од гравче тавче, пиперки, сарма, зелник, до нејзиното омилено ѓомлезе, или по преспански, турипотпечи.

Овојпат со вас споделува два старински рецепти.

Пиперки полнети со говедско месо

Се пржат убаво 2-4 главици кромид, 1-2 страка праз, 2 моркови ситно исчекани. Се додава меленото месо, и сè заедно се пржи. Се додава шолја ориз, и зачини – сол, црн пипер, вегета, оригано, црвен пипер. На крајот се додаваат две-три лажици павлака претходно изматени со едно јајце. Повторно сè убаво се меша. Во меѓувреме, се отстранува горниот дел од пиперките, се чисти семето, и пиперките се полнат со веќе поготвената смеса. Сочувајте го горниот дел од пиперките, претходно отстранет, за да ви послужи како капаче. Наместо вакво капаче, може да ви послужат и резанки домат или компир. Ставете ги полнетите пиперки во сад за печење, додадете вода, и печете на 200 степени. Не покривајте го садот, за полнетите пиперки убаво да се запечат и од горе. 15 минути пред да ги извадите од рерна, додадете запршка врз пиперките од загреано масло со црвен пипер. Потоа, печете уште 15 минути.

Фото – приватна архива

Тавче гравче со домашни димени колбаси

Гравот се мие и се кисне од вечер. Другиот ден се вари, првата вода се истура, се става нова вода. Во гравот се додава кромитче, свежа пиперка, сува пиперка, може и морков и праз, според мене, многу е повкусен со праз. По вкус, се додава 2-3 лажици масло. Се вари додека омекне гравот. Ако треба да се додаде вода, никако студена, само претходно варена. Откако ќе се свари, се вади зеленчукот во посебна чинија, се гмечи со вилушка, се додава сол, се отстрануваат лушпите, и останатото се враќа назад во гравот. По вкус, посолете, додадете зачини по желба и нане. Гравот, кој не треба да содржи многу вода, се префрла во земјено тавче. Одозгора додадете запршка, врело масло со црвен пипер. Домашните колбаси се сечат на парчиња и се редат над гравот, потоа се пече. Ќе си пробате дали и кога е готово.

фото – приватна архива

На здравје!

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....