9.8 C
Скопје
17:46 - 27 октомври, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Модри патлиџани во тегла – Домашно си е домашно!

Сезоната на зимници е во тек. А на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни открива рецепт за модри патлиџани во тегла. 
фото – приватна архива

Потребни состојки

за маринадата 
1 л. оцет
2 л. вода
80 гр. сол
80 гр. шекер
1/2 пакетче бибер во зрна
За посипување во тегла
2 глави лук
ситно сецкан магдонос
по потреба зејтин
Модар патлиџан
3 кгр. модар патлиџан

Начин на подготовка 

Модриот патлиџан исечете го на кругови. Потоа посолете го и оставете 2 -3 часа да се одстои, за да излезе водата.
Водата, оцетот, шеќерот, солта и биберот ставете ги во големо тенџере да зовријат. Откако ќе проврие водата, ставајте од модриот патлиџан да се потопи и да проврие некоја минита, и вадете со решеткаста лажица и ставајте ги во цедилка. Повторувајте се додека не се потроши патлиџанот.
Во тегли редете од исцедениот патлиџан, помегу редовите ставајте од исецканиот лук и магданос, залијте со зејтин и затворете.Кога ќе се наполнат теглите со модар патлиџан, топли завиткајте ги во крпа и добро затворете ги со капачињата.

фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
Верувајте, од убавиот мирис нема да останете рамнодушни, веднаш ќе го вкусите модриот патлиџан.
Домашно си е домашно!

Слични објави

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо
Се вчитува....