15:58 - 27 ноември, 2026

ФИТНЕС: Вежбате, а резултатите не се гледаат, што да се прави?

Често се случува да вежбаме, а резултатите да не се гледаат, но и да не губиме на тежина. Иако можеме да очекуваме многу ползи од вежбањето (повеќе енергија, подобрено расположение, подобро здравје), загубата на вишокот килограми секако нема да ни излезе од умот.

Што да се прави?

Искусните фитнес тренери во ваков случај препорачуваат да се промени терминот на вежбање. Наместо после работа, да се оди на тренинг пред работа или пак, да се вежба на празен желудник рано наутро.

Кардио тренингот со висок интензитет на празен желудник гарантира побрзо трошење на масните наслаги.

Втора работа што треба да се направи е да се внимава на исхраната. Ако целта е да се загубат килограмите, а не ги губите, се препорачува друг вид на диета, сосема поразлична од онаа која имате обичај да ја држите.

Најдобро делуваат диетите со поголема количина на добри масти, но сиромашни со јагленохидрати. Ваквата диета го става телото во состојба на кетоза, добивате повеќе енергија, а самото тело побрзо ги троши масните наслаги.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....