-0.2 C
Скопје
08:51 - 22 декември, 2024

ЦВЕТНА ОАЗА ВО СЕЛО СПАНЧЕВО, ЉУБОВТА И ОДМОРОТ НА АНКА: Сопругот ми носи цвеќиња од секаде каде што ќе отиде!

Денес сме на гости кај Анка Тодосиева, сопруга, мајка на два сина и баба на еден внук. По професија е одделенски наставник, 30 години работи како наставник.

– Тоа е мојата професија која многу ја сакам. Ја засакав уште од малечка. Со другарките кога игравме, јас секогаш бев учителка – не воведува Анка во нејзината животна приказна.

Но паралелно со нејзината сакана професија, Анка ја негува и љубовта кон цвеќето и уредувањето на дворот. Вели дека секоја година ѝ е различна, зашто засадува различни цвеќиња.

фото – приватна архива

– Уште во дворот на моите родители имаше премногу рози, кај нас ги нарекуваме трендафили. Јас се грижев за нив, ги наводнував, а татко ми ги окројуваше. Кога се омажив и таму имаше рози. Не беа окројувани и не беа правилно распоредени. По неколку години почнав да ги распоредувам, пресадувам и да ги окројувам. Имаше и повеќе шимшири. Големо задоволство ми претставуваше да ги кројам и да им давам разни форми.Имавме 14. Пред неколку години ги фати болест и не можевме да ги спасиме, сите се исушија – ни открива Анка дел од нејзината цветна приказна.

Дворот се наоѓа во едно мало и живописно село, Спанчево, сместено среде кочанската котлина. Дворот се простира на околу еден декар површина. Од дворот надолу се протега и зеленчукова градина од неколку ари. Во неа Анка и сопругот одгледуваат зеленчук за нивни потреби. Во зеленчуковата градина ѝ помага колку може и свекорот.

 

За уредување на дворот пак, таа е одговорна. Но голема поддршка има и од сопругот и помалиот син кога е слободен.

– Тој работи во Скопје. Понекогаш ја коси тревата. Постариот син ми е во Америка. Сопругот се занимава со земјоделие, одгледува ориз. Кога е слободен ми помага во косењето на тревата. Ми носи цвеќиња од секаде каде што ќе отиде. Имам една анегдота што сакам да ја кажам. За еден мој јубилеен роденден ме праша што сакам да ми купи, јас посакав машинка за кроење дрвца, шимшири, на струја – се смее нашата прекрасна соговорничка.

Сите други обврски, садење, пресадување, кроење, окопување, идеи, избор на цвеќе, на саксии, формирање крошни на зимзелените дрвца, собирање лисја во есен и уште многу други работи околу дворот и цвеќињата се на „грбот“ на наставничката.

– Имам премногу видови на цвеќиња. Семиња имам носено од Америка, пред 7 години од Словенија донесов црвена кала, од Грција бугенвилија, дипладенија, рододендрони, од Бугарија столбести рози…Секаде каде што одам без цвеќе не си доаѓам. Доцна во есен садам виоли, сега веќе имам засадено, но уште ќе садам. Имам најмногу црвени трендафили кои цветаат од мај до декември. Уште имаат цвет. Имам многу и жарчиња. Засејувам во февруари расад, во април ги расадувам.Каранфили (џунџулиња) и од нив правам расад и ги расадувам, имам жолти и портокалови.Имам повеќе видови детелина, рододендрони, ерика шарена перуника, пркос, слезени, калиопи, ластенливи, бегонии, крупни бегонии, ластенливи бегонии, лозички во повеќе бои, виолетов клематис кој доминира на јужната страна од дворот и е раскошен украс на дворот – ни го претставува Анка своето цветно царство.

Секојдневно во дворот таа поминува најмалку по еден час. Вели дека има денови кога ѝ се потребни дури 3,4 па и 5 часа, сè зависи во кој период од годината се работи, а околу дворот и цвеќињата секогаш има работа. Сега, во есен, ги корне сувите прецветани сезонски цвеќиња и засадува есенски ,виоли, хризантеми. Ги окројува зимзелените дрвца, ги собира лисјата и прави компос од нив за на пролет. Преку лето ги полева секоја вечер цвеќињата рачно, зашто нема капка по капка систем.

Кога ме прашуваат кое е моето омилено цвеќе е исто како да ме прашуваат кое дете си го сакам повеќе. Сите, ама баш сите цвеќиња ги сакам – ни одговара Анка на прашањето кое цвеќе ѝ е најрдаго.

Преку зима многу цвеќиња ги внесуваа внатре.

– На долниот кат од куќата ги чувам слезените, бегониите, драгонот, калиопи, разни зеленики…Внесувам цвеќиња и на горниот кат. Имам каланхое и зеленики.На слезените им ги тргам сувите лисја, ги наводнувам со млака вода кога се суви преку зимата. Во канта собирам кори од банани, лушпи од јајца, талог од кафе и во месецот по еднаш ги полевам цвеќињата со тоа ѓубриво. Има непријатен мирис, но резултатот е голем.

Ја прашуваме за совет за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат до одгледување на цвеќе.

Прво и основно е желбата и љубовта кон цвеќето. Најлесни за одгледување се розите. Бараат вода, окројување и еднаш во месецот прихранување – советува нашата наставничка и додава – Цвеќињата чувствуваат и возвраќаат. Секое утро ги прегледувам сите цвеќиња, го разгледувам цвеќето во целиот двор, а потоа се подготвувам за работа. Цвеќињата се мојот диазепам.

Блазе си им на учениците кои за наставник ја имаат Анка. Навистина, имаат од неа многу што да научат!

Инаку, Анка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....