23.8 C
Скопје
14:27 - 28 април, 2024

Зоран Заев инсистира на тоа што било договорено: Ако не се гласа за законот за ЈО, парламентот нема да се распушти!

Собранието нема да се распушти на 12 февруари и предвремените парламентарни избори нема да бидат распишани, сè додека пратениците не гласаат за законот за јавно обвинителство, се закани вчера лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев. Тој инсистира за законот да се гласа без разлика дали за него позитивно ќе се изјаснат 80 пратеници и најавува можност Собранието да се распушти неколку денови подоцна од 12 февруари, односно не 60, туку 45 дена пред изборите, за кои е договорено да се одржат на 12 април. Од друга страна, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и вчера повтори дека за нив е прифатливо законско решение што ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност, која беше вклучена во јавната дебата што се одржа минатата недела.

Нека се гласа, па и да не се изгласа

Заев вчера, по сведочењето за случајот „Монструм“, повика разговорите помеѓу партиите да продолжат, бидејќи законот има исклучителна важност. На новинарско прашање дали, ако не се донесе законот за ЈО, ќе се одложат изборите, тој одговори негативно, но појасни дека гласање мора да има.

– Нема одложување на изборите. За мене е важно да се гласа во Парламентот за законот за Јавно обвинителство, а кога ќе се гласа, законот може да се донесе или да не се донесе, нема трета опција. Собранието треба да се распушти на 12 февруари. Ако опозицијата се обидува да го минира или блокира неговото донесување, односно гласањето, нормално дека Парламентот нема да се распушти додека не заврши процесот на изјаснување за законот за ЈО, за протоколот за НАТО, за законот за одбраната и сличните закони. Делот од агендата за која се договоривме е дека за овие законски решенија ќе се гласа до распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите. Ако некој го прекрши договореното, тогаш распишувањето на изборите нема да се случи – рече Заев.

Тој рече дека посакува на 12 февруари да се распуштат пратениците и додаде дека изборите се распишуваат од 45 до 60 дена по распуштањето на Собранието, па во овој период гледа можност да се дојде до решението.
Според Мицкоски, власта итно турка закон пред изборите, а нивен вистински интерес е да се заштитат себеси од одговорност по изборите.

– Власта ја турка земјава во слепа улица, со цел да не дозволи решение што ќе донесе независно обвинителство, кое не само што нема да молчи туку ќе биде главната острица во борбата против криминалот. И сиот лажен наратив на власта за мотивите на опозицијата пропадна, бидејќи на маса имаме лошо законско решение, што го потврдија и самите експерти и професори на Правниот факултет. Борбата против криминалот не смее да дозволиме да биде заглавена помеѓу суетите на неколку министри и стравот на поранешниот премиер Заев дека ќе мора да се соочи со одговорност – вели Мицкоски.

Потрага по мнозинство без ВМРО-ДПМНЕ

Министерката за правда Рената Дескоска вчера цел ден одржуваше поединечни средби со претставници на партиите со помали пратенички групи во обид да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои не поднесоа амандмани на законот. Партиите ќе ги изнесат своите забелешки пред министерката, која викендов рече дека доставените амандмани од дел од помалите партии и дава надеж дека ќе дојдат до решение.

Засега е неизвесно дали ќе се одржи средба во поширок формат, на која би се направил последен обид за усогласувања на ставовите со ВМРО-ДПМНЕ. Од Министерството за правда за „Слободен печат“ велат дека не е исклучено деновиве да дојде до таква средба и, по конечното усогласување на ставовите, Законот да биде пуштен во собраниска процедура.

Според претседателот на Собранието Талат Џафери има деловничка можност Законот, доколку сите се усогласени, да биде донесен во скратен рок. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски вели дека, ако има нови моменти од преговарачките тимови во однос на законот за ЈО, медиумите ќе бидат навремено известени.

– Во однос на преговорите, можам уште еднаш да напоменам дека сето она што сака да го направи СДСМ е само фарса да донесе закон што ќе биде во нивна корист односно да го заштити целокупниот криминал што во моментов го прават – рече Арсовски.

На петочната втора средба на работната група во поширок формат со претставници на политичките партии и пратеничките групи од Собранието, се разговараше за амандманите за подобрување на законскиот текст по дводневната експертска јавна расправа за законот.

The post Зоран Заев инсистира на тоа што било договорено: Ако не се гласа за законот за ЈО, парламентот нема да се распушти! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....