12.8 C
Скопје
03:34 - 13 мај, 2024

Креаторот на „Јавна соба“ заврши во огласник купи-продај

Додека полицијата утврдува што имало во телефоните на двајцата скопјани што ја отвориле и менаџирале групата „Јавна соба“ на „Телеграм“, фотографијата на едниот од нив наголемо циркулира во интернет-огласници со по 200.000 членови на социјалните мрежи. На тапет се изложени населбата од која потекнува, местото на кое наводно работи и податоци за неговиот семеен живот.

Комуникологот и професор на Меѓународниот балкански универзитет, Сеад Џигал, вели дека споделувањето на фотографијата од еден од осомничените на Фејсбук-огласник за купи-продај услуги, може да доведе до јавен линч, без да се испочитува презумпцијата на невиност.

– Случајот треба да си го водат институциите. Секој што има вакви информации треба да ги доставува до органите на прогонот за да не се пречекорат законските и етичките бариери, без разлика на тоа за каков случај станува збор – вели Џигал.

Од МВР велат дека телефоните на администраторот и на модераторот на групата се дадени на вештачење, а се преземаат и други дејства, со цел побрзо да се расветли случајот и да се поднесат кривични пријави. Како дел од истрагата се испитува и дали чет-собата била гнездо за малолетничка проституција и подведување. Во „Јавна соба“ завршија девојки од Кичево, Тетово, Скопје и од Штип. Се отвори и темата за таканареченото „одмаздничко порно“ – феномен во кој најчесто машки лица ги препраќаат фотографиите и видеата од своите поранешни партнерки на трети лица за да ги омаловажат.

Во „Јавна соба“ со месеци беа споделувани фотографии од малолетни и полнолетни девојки, заедно со нивните контакти, еротски фотографии, телефонски броеви и имиња, а имаше и тарифници за наводните услуги што ги нудат. Најскандалозната димензија на случајот беше тоа што во неа имаше и материјали за малолетни девојчиња.

Кривичниот законик предвидува пет до осум години затвор за производство и дистрибуција на детска порнографија. Ако делото е сторено преку компјутерски систем или друго средство за масовна комуникација, како што има сомненија во случајот „Јавна соба“, предвидената затворска казна е најмалку осум години. Истрагата утврдува кои биле целта и намерата при креирањето на јавната соба, во која во различни временски периоди членувале дури 11.000 членови.
Основачот на групата најнапред тврдел дека целта на основањето на групата била да се споделуваат смешни видеа, ама ситуацијата излегла од колосек кога членовите, еден по еден, почнале да споделуваат порнографски материјали и лични податоци од девојчиња, нарушувајќи им ги честа, угледот и приватноста.

The post Креаторот на „Јавна соба“ заврши во огласник купи-продај appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....