8.8 C
Скопје
23:04 - 28 март, 2024

Како изгледаат белите дробови на болните од коронавирусот (ФОТО)

Лекарите објавија снимка на која најдобро може да се забележи што коронавирусот им прави на белите дробови.

Кога во болницат во Ланџоу е примена една жена (33), таа имала висока температура и кашлица која траела веќе 5 дена. Имала проблеми со дишењето, а лекарите забележале и низок број на бели крвни зрнца, што е показател за заразеност со вирус. Пациентката работи во Вухан, градот од каде потекна епидемијата на коронавирусот.

На снимката лекарите забележале бели сенки, како таканареченото млечно стакло, што ги предупредило дека белите дробови делумно се исполнети со течност.

Резултатите се претставени во научното списание „Радиолоџи“, а текстот го потпишува група на лекари истражувачи од Првата универзитетска болница во Ланџоу.

Тие наведуваат дека кај пациентите заразени со коронавирусот доаѓа до инфекција која може да ги оштети белите дробови или да предизвика воспаление кое е опасно по живот. Доаѓа до отекување на белите дробови и собирање на течност во нив. Пациентите поради тоа се ставаат на терапија која помага во отворање на дишните канали.

Пациентката од Ланџоу го примала протеинот интерферон кој се користи за лечење на вирусни инфекции.

Лекарите вечат на почетокот многу е лесно да се помеша коронавирусот со запаление на белите дробови. Скенерот покажува дека во текот на три дена состојбата на пациентката се влошува, што беше случај и со САРС и МЕРС вирусот, кои исто така се појавија во Кина на почетокот на 21 век. На понатамошните снимки лекарите забележале бели дамки кои се поизразени од претходно, што го ислучило запалението на белите дробови како можности и им помогнало да сфатат дека на друг начин треба да се борат со оваа болест бидејќи обичните антибиотици не помагаат.

Лекарите коронавирусот го идентификуваат со брис од нос или уста, а истакнуваат дека тестот е ефикасен показател за заразата само ако постојат симптоми од заразата.

Коронавирусите се голема група на вируси кои главно го напаѓаат респираторниот систем, а исто така предизвикуваат запаление на белите дробови и настинка. Симптоми на новиот вирус кој се појави во Кина вклучуваат покачена температура, треска, главобола, тешкотии при дишење и отечено грло. Пред декември 2019 година, никогаш претходно овој вирус не е забележан кај луѓето.

Досега од вирусот починаа најмалку 360 луѓе, а повеќе од 17.000 се заразени.

The post Како изгледаат белите дробови на болните од коронавирусот (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....