2.8 C
Скопје
14:30 - 20 декември, 2024

ЗНМ: Од исклучителна важност е новинарите и медиумските работници безбедно да ја вршат својата работа

Здружението на новинарите (ЗНМ) поради прогласената пандемија во светски рамки по брзото ширење на коронавирусот Ковид – 19 од страна на Светската здравствена организација, попладнево преку соопштение укажува на потребата новинарите и медиумските работници да имаат одредена заштита и услови, со цел да се избегне ризикот од нивна потенцијална зараза.

Тие соопштуваат дека на новинарите и медиумските работници потребно е да им се обезбедат алкохолни марамчиња и дезинфициенси за рацете, кои, како што наведуваат, првенствено, треба да бидат поставени на влезовите од медиумите, при што секој вработен треба да ги искористи пред да влезе во просториите на медиумот.

– На оние кои известуваат од терен да им се обезбедат истите средства за чистење на воланите, брзиноменувачите и влезните и излезните рачки на возилата, како и за чистење на стативите на камерите, како и за деловите од камерите кои доаѓаат во допир со рацете или лицето, а истото важи и за микрофоните што се користат на терен и во оф-тон кабините (глувите соби), како и за фотоапаратите. Да се обезбедат сапуни во сите тоалети и кујнски простории, како и соодветни хартиени бришачи за раце и тоалетна хартија. Заедничките простории во редакциите, како што се кујните, потребно е да се избегнуваат и да не се користат од повеќе лица во исто време, наведуваат во соопштението.

Од ЗНМ потсетуваат дека ризичните групи на вработени, како што се хронично болните, повозрасните лица и бремените жени треба да бидат ослободени од работните задачи кои се извршуваат на терен, а доколку при разговор со нив се оцени дека треба да бидат ослободени од работните задачи тоа да им се овозможи.

– Во работните простории треба да се овозможи физичка одвоеност од еден до друг вработен од најмалку еден метар. Доколку се забележи дека кај некој од вработените постојат симптоми на „коронавирусот” според укажувањето на СЗО, да се даде совет за самоизолација од 14 дена и да се јави на некој од јавно достапните броевите за кои информираше Министерството за здравство, додаваат од ЗНМ во соопштението.

Тие потсетуваме на следење на насоките и препораките на државата, кои се однесуваат на ослободување од работни обврски на родител кој има дете до 10 години (активно четврто одделение) и за кое ќе се донесе потврда, како и за самохраните родители.

Во услови кога не е нужно, се вели во соопштението, се охрабруваат редакциите да избегнуваат организирање состаноци и колегиуми во поширок состав.

– Од исклучителна важност е новинарите и медиумските работници безбедно да ја вршат својата работа, земајќи предвид дека поради природата на новинарската професија дел од нив директно се изложени на контакт со луѓе на отворен и затворен простор. Преку почитувањето на насоките на кои упатуваат нашите две организации, ЗНМ и Советот за етика во медиумите, ќе помогнете да ги заштитите новинарите, а со тоа и да обезбедите предуслови за објективно информирање на граѓаните во услови на здравствена криза, стои во соопштението.

Додаваат оти во наредните денови ЗНМ и СЕММ ќе објават и упатство за безбедно и етичко постапување од страна на новинарите и медиумските работници во согласност со меѓународните стандарди и насоки.

The post ЗНМ: Од исклучителна важност е новинарите и медиумските работници безбедно да ја вршат својата работа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....